Час 55, 56 и 57 за 6-9 одд. (360 видео VR) ФЗО, Без реквизит за општа сила

 

УПАТСТВО ЗА ГЛЕДАЊЕ НА 360 ВИДЕО:
Доколку е матна сликата на видеото ќе треба да го подесите квалитетот на сликата во HD или во најголем квалитет кој го поддржува уредот преку кој го гледате, односно, преку кој го вклучувате видеото. Видеото е снимено во 360 степени формат кое може да го гледате или да го следите наставникот кој демонстрира со движење на глувче по екранот во насока во која тој се движи (сликата ротира лево-десно и горе-долу) на компјутер или со движење на паментен телефон во насоки во кои се движи наставникот што демонстрира вежби или со носење на VR очила (доколку видеото го пушти на својот компјутер родителот или ученикот). Доколку видеото го споделува наставникот преку споделување на својот екран, тогаш наставникот ќе мора да ја движи сликата во насока во која што се движи наставникот кој демонстрира или да ги види вежбите од друг агол, како што е претходно опишано за ученик и родител. (0:00) ТЕМА 2: Вежби за развој на општата психомоторика Методска единица: 55 Обучување на вежби без раквизит за општа сила. Методска единица: 56 Увежбување на вежби без раквизит за општа сила. Методска единица: 57 Интеракција на вежби без раквизит за општа сила. -Цел: Ученикот да ги увежбува и усовршува изведбата на вежби за развој на мускули на телото и развој на моторни способности општа сила без реквизит во домашни услови. -Услови на работа: Дома или на Отворено (двор пред куќа, зграда, природа) . -Наставни стредства: Компјутер или паметен телефон, Интернет, 3-4 м2 во просторија, 2-3 шишенца, вода, спортска облека. -Форми на работа: Фронтална и индвидуална. -Методи на работа: Метод на вербална комуникација, матод на демонстрација, матод на практично вежбање, метод на повремено следење и набљудување. -Корелација: Со сите теми спортски активности застапени во глобален перспективен план. -Метод на вреднување и оценување на темата: Метод на континуирано следење и проверување на правилно технички и естетско изведување на вежбите и правилно дишење, примена на правилни вежби за мускулатурата која ќе е најактивна во однос на наставната единица на часот, познавање на основната групна поделба на мускулите и демонстрирање на часовите. -Структура на часот: ВОВЕДЕН ДЕЛ НА ОНЛАЈН ЧАСОТ, 3 минути: Вклучување на час, запишување на час во е-днавник, дежурни, отсутни, ученици кои неможат целосно да вежбаат, вклучување камери; ПОДГОТВИТЕЛЕН ДЕЛ НА ОНЛЈАН ЧАСОТ, 5 минути: Запознавање на учениците со методска единица, потребни реквизи, алтернативни решенија за реквизити, потребен простор?!; ГЛАВЕН ДЕЛ НА ОНЛАЈН ЧАСОТ, 20 минути: Видео презентација за практично вежбање од дома која содржи примери на физички вежби за: - (1:35) Воведен дел - ВEЖБИ ЗА ЗАГРЕВАЊЕ на телесна температура од 3 минути; - (3:15) Подготвителен дел - ВЕЖБИ ЗА ИСТЕГНУВАЊЕ на мускулатурата на телото и раздвижување на зглобовите од 5 минути ; - (13:30) Главен дел - ВЕЖБИ СО РЕКВИЗИТ со кој се развиваат моторичките способности на ученикот како (координација, сила, брзина, рамнотежа, флексибилност) од 10 минути; - (27:13) Завршен дел - ВЕЖБИ ЗА ЛАБАВЕЊЕ и истегнување на мускулите кои се најмногу оптоварени за време на изведување на вежбите во текот на целиот час од 2 минути; ЗАВРШЕН ДЕЛ НА ОНЛАЈН ЧАСОТ, 3 минути: Комуникација со интеракција, прашања, предлози, препораки и заклучок, договор за начин на вежбање за следен час.
https://www.youtube.com/channel/UCamd1w2zLdADFJuLvDtBDDw/videos
https://www.youtube.com/c/KrsteMisirkovkumanovo/playlists
https://www.youtube.com/channel/UCX9WMy2GC_i4U6eoP_BA8sQ/playlists


https://www.facebook.com/sportskipedagoziku
https://www.facebook.com/FederationOfSportsPedagogue
https://www.facebook.com/uskkmk
Покровители: Здружение на Спортски Педагози Куманово, Општински Сојуз на Училишен Спорт Куманово, Општински Сојуз на Спортови Куманово. Место на снимање: ООУ „Крсте Мисирков“ Куманово Наставник: Стефан Божичковиќ од ООУ „Крсте Мисирков“ Куманово Наставник: Филип Колевски од ООУ „Крсте Мисирков“ Куманово Наставник: Југослав Спасиќ од ООУ „Крсте Мисирков“ Куманово