(ИНТЕРВЈУ) Лиценца за кабаре не смее да зависи од совеста на сопственикот, туку од темелна проверка

 

„По мое, пред да биде отворен некој ноќен клуб или кабаре, треба да има еден комплетен записник, истражување од страна на ДПИ, од Трудовата инспекција, УЈП, МВР, Општината, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за транспорт, секако тука и противпожарна заштита треба да се разгледува, и тој документ, каде што ќе биде ставен личен потпис од сите овие професионалци, да влезе во процедура во секторот за угостителство. Да не се остава на совесност или на можност за корупција и криминал“, вели заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески во интервју за „360 степени“ на МРТ 1