Првите дилеми и првите одговори за истрагата за Кочани

 

Вкупно 34 лица досега се осомничени за пожарот во Кочани, а не е искучено таа бројка и да расте. Барем во фазата на истрага обвинителството се реши на стратегија – да ги гони сите за исто кривично дело, во еден кривично-правен настан кој довел до иста штетна последица. Дејстијата кои се предмет на истрага се во затворен временски опсег, од 2012 година до 16 март 2025 Додека отворената истрага ги даде првите одговори, отвори и неколку прашања. Зошто се гонат само дел од лицата кои биле или во моментов се на одредени функции во дефинираниот временски опсег, а не сите? Дали треба да се ризикува сите да се гонат во ист мегапроцес или е подобро секој да одговара во посебни постапки?