360 degrees season 12, show 11 - Атмосфера од изборната ноќ и анализа на изборниот исход

 

Broadcasted on October 20, 2025 (Monday) on MRT1 at 21.15. ВМРО-ДПМНЕ прогласи историски резултат и констатира дека Венко Филипче е декласиран, поради што треба да си даде оставка. Од СДСМ, пак, велат дека ВМРО-ДПМНЕ изгубила речиси една третина од гласовите и оти разликата меѓу двете партии се намалува. Кај партиите на Албанците, ВЛЕН слави победа, пред с`e, поради исходот во градоначалничките битки, иако на советничките листи заостанува зад коалицијата предводена од ДУИ. Левица и Амар Мециновиќ се изненадувањето во Скопје. Во новото издание на „360 степени“ на МРТ 1 донесуваме: – како славеа Изет Меџити и ВЛЕН за победата во Чаир; – како помина изборната ноќ во Скопје во пресрет на вториот круг во кој влегуваат Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ; – каква беше атмосферата во Струмица по победата на Петар Јанков од ВМРО-ДПМНЕ; – како се веселеа поддржувачите на Максим Димитриевски од ЗНАМ со хитот на ромски за водството по првиот круг во Куманово; – што може да се заклучи од гласовите што ги освоија партиите вчера – анализа на бројките; – разговор со универзитетските професори Александар Спасеновски и Владо Бучковски за резултатот од вчера и за вториот круг; – „Саботажа“.