Прилеп, вчера и денес... Филм од 1959 година , во времетрање од 12 минути. Филмот е снимен во стандард техника, со звук, во боја и 35мм. Производство Вардар филм - Скопје Содржина Филмско-фотографски колаж на градот под Марковите кули, неговата историја, развој и современиот културен и стопански растеж по ослободувањето, сето тоа проследено со стиховите на Рацин и на Конески. Награди 1959 ФЈДФК, Белград, Втора награда за сценариото на Боро Чушкар, Јован Поповски и Кочо Недков Автори Режија: Недков Кочо Сценарио: Билбиловски Киро , Недков Кочо , Поповски Јован , Чушкар Боро Монтажа: Личеноски Вељо Музика: Бељан Андреј Тон: Паковски Глигор Соработник: Солунски Коце Асистент снимател: Петровски Иван Организатор на снимање: Теофиловски Ристо - Риџвеј Други соработници: текст -- Србо Ивановски стихови -- Кочо Рацин; Блаже Конески текстот го чита -- Иван Антонов