По многу предизборни ветувања и по два проекта на две влади – жителите на селото Долно Количани, оддалечено 15-ина километри од центарот на главниот град, с`e уште имаат големи проблеми со водоснабдувањето. Тие стануваат уште поголеми налето. Градоначалникот Азим Садики вели дека последниот проект на Владата и ТАВ е готов и дека жителите наскоро ќе добијат индивидуални приклучоци, но и водомери за да се води евиденција кој-колку троши и да се наплаќа водата. Погледнете ја репортажата