Меџити: ДУИ се крие, почетокот на демонтажа на Ахмети е почнат!

 

Ниту Али Ахмети, ниту некој друг од ДУИ не ни ја честитаа победата. Ни јавно, ни приватно. Меѓународниот притисок, домашната јавност се едни од причините заради кои влеговме во Влада со Заев. И тогаш постоеја превирања во ДУИ. Говорејќи за последниот Извештај на ЕК околу системските недостатоци и целосната стагнација на државата, Меџити смета дека е потребна сериозна анализа и во однос на заклучоците да се преземат одредени мерки.