Филигранот како техника за изработка на накит, во последниве 7 години доби голем број нови мајстори на занаетот благодарение на знаењето и искуството кое им го пренесува мајсторот Аднан Рамадани. На курсевите по филигран во неговата работилница, идните мајстори ги изучуваат основните чекори за изработка на филигранот, за подоцна, некои од нив да се посветат професионално на изработка на класичниот филигран, а други му даваат современ, модерен дизајн на накитот исплетен од сребрена жица. Алма Идризи е уметник. Таа ја изучувала оваа техника во работилницата на Аднан и таа му дава душа на традиционалниот филигран со модерен дизајн. 'Луѓе и места" ТВ Телма, 2015 Автор: Јордан Дуков