Партиите во власта ги наместија коцките така што кандидатот на ВЛЕН, Билал Касами, да има големи шанси да победи уште во првиот круг во Тетово со гласовите и на Македонците. Тоа требаше да го зајакне кредибилитетот на ВЛЕН во власта, но и да се замолчат амбициите на политичките противници ДУИ за предвремени избори. Касами освои најмногу гласови, но не доволно за да победи Разликата од 4 000 гласа меѓу Касами и Реџепи повеќе не изгледа толку недостижна откако Касами од Тирана изјави дека ќе ги поддржат кандидатите на ДУИ по етничка линија, во општините во кои во вториот круг се тркаат со кандидати Македонци. Касами оттогаш ја смени реториката, но Бајрами се надева дека неговиот противкандидат веќе ја загубил поддршката кај Македонците