Античка Македонија, Моќта на симболите, Исчезнување на културното наследство | Никола Ристевски

 

Мистична Македонија книга:
Никола Ристевски е познат истражувач, автор, продуцент и еден од најголемите промотори на Македонското културно наследство кој повеќе од една декада од својот живот има посветено на негов развој и континуитет. Темите што ги допираме се длабоки и инспиративни — од Античка Македонија, преку моќта на симболите, па с`e до исчезнувањето на културното наследство кое с`e повеќе ја засега нашата колективна свест. Никола открива фасцинантни приказни за древните македонски симболи и нивното значење, објаснува како тие не се само украс или историски детал, туку вистински носители на идентитет, духовност и континуитет на еден народ. Во разговорот навлегуваме во тоа како современото општество ги разбира — или погрешно ги толкува — овие симболи, и што губиме кога го забораваме нивното вистинско значење. Паралелно зборуваме и за исчезнувањето на културното наследство, за занемарените археолошки локалитети, симболите кои се присвојуваат или се бришат од јавниот простор, и за потребата Македонија конечно да развие силна културна свест и одговорност кон своето минато. ----------------------------------- Доколку сакате да го поддржите каналот, зачленете се на линкот:    / @wildtalespodcast   За соработка можете да не исконтактирате на емаил: [email protected] #wildtalespodcast #makedonija #simboli #istorija #ariston #nikolaristevski