ПРВА ЕПИЗОДА ОД НОВИОТ СПОРТСКИ ПОДКАСТ НА ЕКИПА - „ПРЕСИНГ“ со македонските спортски легенди Специјализиран спортски подкаст „ПРЕСИНГ“, проект кој е наменет за навраќање на спомените од минатото, анализа на актуелните состојби во мак-спортот, како и размена на предлози и визии за негов развој во иднина. И сето тоа, директно, отворено, па ако е неопходно и контроверзно! Во првата емисија на ПРЕСИНГ улогата на ко-водител, покрај нашиот новинар Горан Бошев, ја има Дарко Панчев, најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, а чиј гостин е селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски. РАЗГОВОРИ ЗА... За се што се случува во македонската репрезентација... Колку големите, некогаш нереални, очекувања на јавноста го оптоваруваат националниот тим... За тимот пред поединецот и неопходниот „рез“ во репрезентацијата!! За (не)аргументираните критики од јавноста! За недвосмислената поддршка која ја доби и од новото раководство на ФФМ!! За малиот избор на репрезентативци од домашната лига! За (не)квалитетот на клупскиот фудбал!! Време ли е и државата поактивно да се вклучи со поддршка на фудбалот!? Кои двајца фудбалери со македонско потекло од странство во моментов се следат и во иднина би можеле да го носат македонскиот дрес!? За периодот во Црвена Звезда кога и Дарко Панчев и Боби Милевски во исто време се најдоа во еден од најдобрите клубови од Југоисточна Европа!! За светските фудбалски теми, за „украдената“ Златна топка на Дарко Панчев, и дали Винисиус Жуниор заслужува или не да биде!? избран за најдобар фудбалер во светот