Спомен-дом „Блаже Конески“ – потсетник дека јазикот и натаму треба да е нашата татковина

 

„Она што Македонците можеби не можеа да го освојат со илјадници пушки и стотици топови, небрежанецот, Македонецот Конески успеа да го освои само со перото“, вели иницијаторот за обнова на родната куќа на Блаже Конески во прилепско Небрегово, Миле Спиркоски Бевме во Спомен-домот „Блаже Конески“ по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. По обновата во 2005 година, куќата е во солидна состојба, но за значењето и големината на Конески, недоволно е посетувана