Митови и факти ЕП 07 | Ванковска: По разводот со САД, ЕУ го облече војничкиот шинел

 

Слободен печат започна со емитување на поткастот „Митови и факти“, каде уредникот и водител Срѓан Ивановиќ се обидува од соговорниците да добие точни одговори на различни општествени феномени, кои како неточни или полуточни, во нашето секојдневие се сметаат за факти. Во седмата епизода од поткастот „Митови и Факти“, гостинка е професорката Билјана Ванковска. Во екот на кампањата за последните претседателски избори, во своите настапи професорката Билјана Ванковска како потполно да ги предвиде настаните коишто од корен ја сменија глобалната политика. Токму затоа таа беше одбрана како одличен соговорник за гледачите на „Митови и факти“, да ја објасни состојбата во која се најде светот, во моментите кога американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да воспостави сосем нов тренд во меѓународните односи. Ванковска најмногу говори за ЕУ и за специфичниот геополитички дискурс во кој се најде европскиот континент, кој по долги децении сојузништво со САД, сега самата треба да исчекори на светската сцена и да го побара своето место во комплицираниот однос со големите воени сили. Професорката тврди дека сведочиме на разводот на бракот помеѓу Брисел и Вашингтон, за кој се испостави дека бил брак од интерес без воопшто љубов. По раскинот на двете сили, Ванковска забележува дека ЕУ не е веќе мировен проект, туку забрзано се милитаризира. -------- содржина: 00:00 - 05:30 - Вовед 05:30 - 18:03 - Заврши златната ера за ЕУ 18:03 - 29:20 - Постои ли алтернатива? 29:20 - 44:39 - Милитаризација на ЕУ 44:39 - 54:08 - Русофренијата ја обединува Европа 54:08 - 01:06:00 - Судска елиминација на конкурентите 01:06:00 - 01:20:20 - Грендланд -------- Заследи го нашиот Јутјуб канал за сите следни епизоди! _____ Следи ги сите најнови вести од # и # на нашиот и ваш портал Заследи н и на: Фејсбук   / slobodenpecat   Инстаграм:   / slobodenpecat   Тикток:   / slobodenpecat.mk   Икс:   / sloboden_pecat   #slobodenpecat