Во емисијата „Мамавизија“ ќе се обидеме да ви донесеме посебни приказни за мајките, невообичаени семејства, мајки на близнаци, тројки, четворки, мајки на посвоени дечиња, мајки на деца со посебни потреби, ќе се потрудиме да ги донесеме мајките на познатите личности, ќе најдеме начин да ги инспирираме познатите да зборуваат за нивната мајка, ќе раскажуваме и за мајките коишто повеќе не се меѓу нас, за мајките што не смееме да дозволиме да бидат заборавени. Во шестата епизода на „Мамавизија“ наши гостинки се две хероини, мајката Оливера Савеска и ќерката Марија Савеска. Марија е 23-годишна девојка која живее со церебрална парализа. Таа е позната за пошироката јавност како Пепелашка од првата инклузивна претстава на Балканот. И покрај тоа што живее во количка и едната рака не е во функција, таа е полна со енергија и често е на големата сцена каде што настапува како пејачка или актерка. ... Низ оваа емисија ќе ве води нашата колешка, водителка и авторка на емисијата, Александра Вуксановиќ. Таа својата емисија ја најави вака: Заедно ќе се радуваме, ќе се смееме, ќе плачеме и ќе се воодушевуваме на нејзиното височество – мајката! Секоја мајка е хероина за своето дете. Гледајте „Мамавизија“, премиерно секоја среда во 20 часот на Јутјуб каналот на „Слободен печат“. _____ Следи ги сите најнови вести од # и # на нашиот и ваш портал www.slobodenpecat.mk Заследи н и на: Фејсбук / slobodenpecat Инстаграм: / slobodenpecat Тикток: / slobodenpecat.mk Икс: / sloboden_pecat