ТУНЕЛОТ ПОД ТВРДИНАТА ГРАДИШТЕ НАД СЕЛО ГРАД (ДЕЛЧЕВСКО) - ПСК ГОЛАК ДЕЛЧЕВО (Р.С.МАКЕДОНИЈА)

 

29.11.2023 Година. ТУНЕЛОТ 715 м.н.в. во големата варовничка карпа под праисториската населба ГРАДИШТЕ 801 м.н.в. над селото ГРАД на падините на планината ВЛАИНА (Општина ДЕЛЧЕВО - Област ПИЈАНЕЦ (ДЕЛЧЕВСКА)). ТУНЕЛОТ е правен за време на ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА 1943 година,каде околу него се наоѓаат мали количини на БЕТУМЕН,кој тогаш бил многу потребен,бидејќи пред самиот тунел по течението на река ГРАШТИЦА (ГРАДСКА РЕКА) била правена железничката пруга кон БУГАРИЈА. ТУНЕЛОТ е со должина од околу 50-тина метри во кој странично паѓа вода (не се знае од каде доаѓа водата),такашто дното на тунелот е постојано со вода околу 30-40 сантиметри. Интересно е што на крајот на тунелот се наоѓа триаголна плоча на која има гравирано Крст и нејасни знаци. ПСК ГОЛАК Делчево !!!