Има снег, патеките се добри, а работат и угостителите и хотелиерите, но до Попова Шапка се стига само со автомобил по не секогаш прооден пат и со големи шанси да не најдете паркинг. Дури и еден турист од Германија кој го сретнавме на Попова Шапка вели дека мора повторно да има гондола од Тетово во Попова Шапка за подобар пристап до ски-центарот.