Апасиев: ДПМНЕ ја спречуваат надзорната расправа за аерозагадувањето

 

Говор на лидерот на опозицијата и пратеник од #Левица, проф. д-р Димитар АПАСИЕВ на денешната комисиска седница на која ДПМНЕ и ЗНАМ се обидоа да го спречат одржувањето на надзорната расправа за аерозагадувањето: „Се прави обид за брутална саботажа на легитимен процес на свикување надзорни расправи. Пет луѓе на оваа Комисија им ставаат вето на дваесет потпишани пратеници за надзорна расправа. Пресметавте дека овој процес Ве кошта политички, и ај сега ќе ретерираме, во фазата ќе дигнеме рачна. Не бива така! За разлика од сите Ваши комисии, кои не се ниту со закон основани, туку со одлука на Собранието - Анкетната комисија, со која претседавам јас, е единствена Комисија основана со Уставот. Пет пратеника поништуваат одлука на дваесет пратеника! Утре може да ви текне, ние дваесет може да поднесеме претседателски кандидат, и Вие да речете: „не ми се свиѓа кандидатот, ај ќе го поништиме преку креативно толкување”. “Спорните прашања” се само во главите на вмровците. Не постојат спорни прашања. Дури и сега да ми доставите гости - истите ќе бидат поканети промптно, уште денес. Но, не! Вие одите на нож! Вие не почитувате бона фиде пристап, не политувате отвореност, добра волја, бидејќи таква ви е наравта - силеџиска, с на ачик, с на нож!” #НеподмитливитеВоСобранието #ЛевицаОдПарламент