Ако имате штета поради доцнење на автобус, тужете го ЈСП

 

Патниците на ЈСП се жалат дека секојдневно доцнат автобусите. Велат дека во летниот период, кога се проретчени и автобусите и фреквенцијата на сообраќање, чекаат и по повеќе од 30 минути. Не работат ни информативните табли и од ЈСП велат дека шест табли се на поправка. Адвокатот Звонко Давидовиќ ги советува граѓаните да прибираат докази доколку претрпат штета поради доцнењето на автобусот и да поведат граѓански спор против Јавното сообраќајно претпријатие, бидејќи како потрошувачи треба да ја добијат услугата за која плаќаат. www.samoprasaj.mk Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии www.iks.edu.mk