Репортажа од „Македонско село“ - комплексот од 6,5 милиони евра кој Владата сака да го оживее

 

Вратите на објектот платен со буџетски пари последен пат беа отворени за посетители во 2018-тата, годината кога се откажа единствениот концесионер кој се нафати да стопанисува со „Македонско село“ Видливи се знаци на пропаѓање, различни во 12-те различни куќи. Па, сепак, шефот на владината СОЗР, Ивица Томовски, е оптимист дека објектот ќе се врати во живот. Вели дека седум компании пројавиле интерес по неодамна објавениот повик за изнајмување на „Македонско село“