Performed at the Veles Theater Video with ChatGPT generated images Text about the project (in Macedonian): Второ видео со генерирани слики од вештачката интелигенција, повторно за музиките за претстави на Димитрије Бужаровски, овој пат за музиката за преставата „Тешко е да се рече збогум“ на хрватскиот писател Миро Гавран. Претставата имаше премиера во Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ на 6 декември 1997 година, во режија на Александар Ѓорѓиев и играта на Весна Димитровска и Младен Крстевски. На ChatGPT му ја зададовме основната содржина на претставата – брачниот триаголник и превртливоста на односите во кои жртвата станува прогонувач, а вистините лаги. Потоа трите генерирани слики во кубистички манир ги колоризиравме низ видео монтажата за да развиеме паралелна приказна на музичката содржина.