Во март 2025 година се очекува да завршат работите на хидроцентралата, која во јули почна да се гради непосредно под браната Кнежево, виталиот дел на хидросистемот „Злетовица“. Деновиве кога отидовме на терен, работниците работеа на видливата градба, која ќе биде една од планираните шест хидроцентрали на системот важен за над 100.000 жители. ХЕЦ Б, како што објаснува директорот Златко Стојановски, ќе ги процесира водите неопходни за обезбедување на биолошки минимум на реката од брана Кнежево.